Вчерашната ждрепка во Амстердам ја смести македонската фудбалска репрезентација во групата 2 во Лигата на Нациите, а за противници ни ги одреди селекциите на Естонија, Ерменија и на Грузија.

УЕФА веќе ги одреди датумите и сатниците на натпреварите, па според нив Македонија ќе стартува со домашната средба со Ерменија на 5 септември, а веднаш после тоа и гостува на Грузија на 8 септември.

Распоред и сатница:

5 септември, 15.00 часот:  Македонија – Ерменија

8 септември, 18.00 часот:  Грузија – Македонија

8 октомври, 20.45 часот:  Естонија – Македонија

11 октомври, 18.00 часот:  Македонија – Грузија

12 ноември, 20.45 часот:  Македонија – Естонија

16 ноември, 18.00 часот:  Ерменија – Македонија