Медиумите од Шпанија тврдат дека Шиме Врсаљко и Анхел Кореа се двајцата играчи кои се позитивни на Ковид-19 од екипата на Атлетико Мадрид.

Шпанскиот прволигаш и учесник на завршниот турнир во Лигата на шампионите на УЕФА, Атлетико Мадрид претходно потврди дека тестовите за коронавирус кои ги направиле во саботата утрото ностат лоши вести, има двајца позитивни и тие ставени во изолација.

Кореа и Врсаљко се играчите кои нема да настапат за Атлетико против Лајпциг во ЛШ во четврток.

Атлетико Мадрид потврди дека останатите играчи и сите во стручниот штаб се негативни на Ковид-19.