Стана познато поради кои причини Барселона реши да се ослободи од својот тренер Ернестп Валверде.

Според Diario Sport, раководството на Барселона се уплаши дека, поради негативната динамика, клубот може да влезе во негативна серија и да остане без освоени трофеи во тековната сезона. Во тоа се убедија на средбата од полуфиналето од шпанскиот Суперкуп, во кој Барселона загуби од Атлетико Мадрид.

Барселона заклучи дека Валверде не управува со соблекувалната, туку тука владеат играчите. Дел од вината на тренерот презема и раководството, кое не го поддржа доволно во потребниот момент.

Исто така, Валверде е обвинет дека немал јасна концепција како треба да се игра, постојано го менувал стартниот состав и не знаел да ги менаџира натпреварите, ако нешто ќе тргнало во погрешен правец.