Изминатите два дена беа направени низа медициснки тестови во сите прволигашки клубови во нашата земја, како дел од протоколот за продолжување на сезоната во најквалитетното фудбалско друштво во земјата.

ФФМ ги објави резултатите од тестирањето на КОВИД-19 во Фк Академија Пандев и Фк Борец и добра вест е дека сите тестирани се негативни,и сите кои работат во овие два клуба можат да си ги извршуваат своите работни задачи.

ПМФЛ ќе продолжи во периодот од 14. до 21. јуни, а пред прекинот на шампионатот Вардар ја држи лидерската позиција на табелата пред главниот конкурент за титулата, екипата на Шкендија.