Арсенал и Челси вечерва го играат финалето на ФА купот на Вембли во Лондон од 18-30 часот.

Френк Лампард по овој меч ќе се раздели со шест играчи, тврди Мирор повикувајќи се на извори од клубот.

Според Мирор, Нголо Канте, Вилиан, Кепа Аризабагала, Миши Батшуаји, Жоржињо и Емерсон Палмиери се играчите кои ќе ги напуштат „сините“ од Лондон.

Секако голманот Кепа Арзиабалага е еден од играчите кој најмногу разочара, а Челси за него плати 80 милиони.