Со одигрувањето на средбата меѓу екипите на Тотенхем и на Саутемптон станаа познати сите учесници во осминафиналето на ова натпреварување. По голема борба, Тотенхем во самата завршница славеше со резултат 3:2.

Загуби подобрата екипа, но Тотенхем го заслужи пласманот“, изјави по средбата „скромниот“ Жозе Мурињо.

Апсолутно дерби на осминафиналната фаза ќе биде мечот меѓу Челзи и Ливерпул.

Осминафинални двојки:

Шефилд Венсдеј – Манчестер Сити

Рединг – Шефилд Јунајтед

Челси – Ливерпул

Вест Бромвич – Њукасл

Лестер – Бирмингем

Дерби Каунти – Манчестер Јунајтед

Тотенхем – Норвич Сити

Портсмут – Арсенал

Средбите од осминафиналната фаза ќе се одиграат на 2/5 март.