Иан Арвел Грифит од Велс ќе биде главен судија на реванш мечот од 2.квалификациско коло во Лигата на Европа помеѓу Дуделанж и македонскиот фудбалски шампион Шкендија.
Мечот ќе се игра во вторник на стадионот „Жози Бартел“ во Луксембург со почеток во 17:55 часот.
Грифит во својата кариера нема судено некои позначајни мечеви во фудбалска Европа. До пред извесно време бил помошник.
Него ќе му помагаат Даниел Бекет и Луис Едвардс, исто така од Велс. На првиот меч нашиот првак дома загуби со 1:2, па во реваншот ќе треба да триумфира со поголема разлика од еден гол за да се пласира во следната фаза од оваа натпреварување.
Comments are closed for this post.