Денес беше одржана ждрепката за бараж натпреварите за место во Првата македонска фудбалска лига во натпреварувачката 2021/2022.

Силекс-Тиквеш и Ренова-Охрид се натпреварите кои ќе се одиграат во Скопје, двете средби на 25. мај (вторник) од 16:00 часот.

Кратовчани ќе бараат опстанок со победа против Тиквеш на националната арена „Тодор Проески“, додека Ренова и Охрид силите ќе играат на тренинг центарот „Петар Милошевски“.

Во случај да нема победник по регуларниот дел, веднаш ќе се пристапи кон изведување на удари од белата точка.