Лутс Пфаненстил беше еден од луѓето кои го забележаа квалитетот на Фирмино и го доведе Бразилецот на стариот континент во тимот на Хофенхајм.

Германецот смета дека убедливо најдобар фудбалер на Ливерпул е Фирмино, кој и покрај тоа што не постигнува голови како Салах и Мане, тој е главната алка во офанзивата на Јирген Клоп.

Роберто Фирмино можеби не постигнува голови колку Салах и  Мане на Ливерпул, но тој е клучниот играч во Ливерпул. Асистира, отвора простор, едноставно се жртвува за екипата како никој друг. Ливерпул без него не би бил толку добар“– изјави германскиот скаут.

Бразилскиот интернационалец заедно со Салах и Мане ја сочинуваат најдобрата напаѓачка тројка во светот, а најголем квалитет на Роберто е тоа што своите соиграчи ги прави далеку подобри кога е на теренот.