Договорот со кој Серхио Рамос е врзан за Реал Мадрид трае до крајот на оваа сезона, а капитенот и клубот се уште се немаат договорено околу продолжување на соработката.

Желбата за продолжување обострана, но шпанските медиуми откриваат во што двете страни не можат да се сложат и зошто новиот договор се уште не е потпишан.

Реал Мадрид се обидува да го задржи 35 годишниот стопер во своите редови и тоа со едногодишен договор со можност да биде продолжен на уште една, со плата која би била 10 проценти пониска од сегашната.

За Рамос не е проблем намалувањето на платата, но инсистира на двегодишен договор кој ги задржал во Реал до крајот на јуни 2023 година. Желбата му е да ја заврши кариерата во клубот каде стекна статус на легенда, но се додава дека нема намера да се откаже од својата желба за договор во траење од две години.