Кралската шпанска фудбалска федерација објави каде ќе се игра финалето на Купот на Шпанија, кое ќе се одржи на 18. април.

Финалето ќе се одигра на Олимпискиот стадион во Севиља, кој е домашна арена на шпанската репрезентација. Овде и во следните три години ќе се организираат финалните натпревари во националниот Куп.

Олимпискиот стадион („Ла Картуха“) е изграден во 1997 година и собира 60000 луѓе.