Фудбалерот на Манчестер Јунајтед Ерик Баи на подготовките на неговиот тим во Кина заработи потешка повреда на коленото.

Централниот дефанзивец на „црвените ѓаволи“ мораше предвреме да го напушти мечот со Тотенхем откако заработи повреда на левото колено.

Во текот на вчерашниот ден репрезентативецот од Брегот на Слоновата коска бил на детални испитувања, а според американскиот „ЕСПН“ Баи ќе отсуствува шест недели и со сигурност ќе ги пропушти првите натпревари во Премиер лигата.