Белорускиот фудбалер Александр Хлеб (38) неодамна го заврши договорот со БАТЕ Борисов, а во мислите е веќе во пензија.  Тој се присети на некои интересни денови од времето минато во Арсенал и Барселона, двата клуба кои во голем дел ја одбележија неговата кариера.

Роналдињо и Деко доаѓаа пијани на тренинг. Знаете зошто ги продаде Барселона? Затоа што се плашеа дека ќе го изгубат Меси.“ – тврди Хлеб за шпански Спорт.

Пред Барселона тој играше за Арсенал, Арсен Венгер го обожуваше, но „Топџиите“ се одлучија да го продадат за 17 милиони евра.

„Кога Венгер рече дека е прашање на време кога ќе бидам продаден, се чувствував уништено. Ми беше тешко да прифатам дека одам во Барселона. Венгер направи сѐ за да останам во Арсенал. Кога ми праќање пораки дека сака да останам, ги читав и плачев.“ – емотивно вели Хлеб.

Трансферите на Хлеб, Сонг и на Анри во од Арсенал во Барселона сеуште носат револт кај навивачите на Арсенал кои до ден денес не добија објаснување кои се причните за заминувањето пред на првите двајца.