Последните денови се повеќе се шпекулираше дека Кристијано Роналдо ќе го напушти Јувентус. Португалецот пристигна во торинскиот клуб во 2018 година од Реал Мадрид, со цел да ја освои Лигата на шампионите со „старата дама“. Сепак, целта не беше постигната, и оваа сезона тие останаа и без круна во Италија.

Според Клаудио Рајмонди, новинар на „Спорт Медијасет“, Роналдо планира да остане во Јувентус до крајот на следната сезона, кога ќе му истече договорот, а потоа ќе премине во Спортинг од Лисабон, каде би играл уште две години, за потоа да ја заврши својата кариера.

Инаку, Кристијано Роналдо ги направи своите први фудбалски чекори во Спортинг, од каде се пресели во Манчестер Јунајтед во 2003 година.

Јасно е дека ваквата одлука на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња целосно ќе ја шокира фудбалската јавност.