Големото Англиско дерби помеѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул не го дочека својот почеток а ни крај а причината беше упадот на навивачите на „црвените ѓаволи“ на стадионот на домаќините кои одлучија на тој начин да го изразат незадоволството од моменталните сопственици на клубот, семејството Глејзер.

Поради ова властите, ПЛ и клубовите одлучија да го одложат истото за некој друг термин, термин кој беше утврден и соопштен денеска од страна на одговорните.

Имено натпреварот на „Олд Трафорд“ е закажан за 13 мај од 21:15 часот што воедно значи дека четата на Оле Гунар Солскјер од периодот од 11 до 18 мај ќе одигра три средби со оглед на тоа што има дуели и со Лестер (11) и Фулам (18).