Полицијата на Кипар соопшти дека 74-годишен Британец кој требаше да биде делегат на УЕФА за натпреварот Аполон-Австрија од третото квалификациско коло на Лигата на Европа – починал.

Ејдријан Титкомб паднал во бесознание додека бил со колегите и судиите во фоајето на хотелот во Никозија.

Пристигнала медицинска екипа, но лекарите не успеале да го вратат во живот и само констатирале смрт.

И покрај трагичниот настан натпреварот меѓу Аполон и Австрија се одигра регуларно, каде славеше кипарскиот тим со 3-1 и со вкупни 5-2 се пласира во плеј-офот на Лига Европа.