Бразилскиот клуб Чапокоенсе испадна од првата лига, по поразот од Ботафого на три кола до крајот и математички ги загубија шансите за опстанок во елитата.

Клубот сега се соочува со многу проблеми, меѓу кои и финансиски, пред три години во трагична авионска несреќа загина речиси цела екипа, преживеаа само тројца членови од тимот.

„За жал немаме теоретски шанси за опстанок, и покрај сите потешкотии нема да се предадеме, им благодариме на навивачите за поддршката, ќе направиме се да се вратиме во елитата“  објави клубот по поразот од Ботафого.