Андре Вилаш-Боаш, тренерот на Олимпик Марсеј упати порака до првите луѓе на ФИФА, дресот со број 10 да се повлече од сите репрезентации во чест на Марадона.

Идејата е интересна и актуелна, Марадона е еден и единствен неговата десетка е симбол на фудбалот.

„Мислам дека ФИФА треба да му оддаде чест на Марадона со тоа што ќе го повлече од употреба дресот со број 10 од сите репрезентации и на сите натпревари. Тоа би било правилно во чест на најголемиот фудбалер на сите времиња“, додаде Вилаш-Боаш.

На потег е ФИФА, предлози има многу, Мардона е легенда на светскиот фудбал.