Во ќорсокак се преговорите меѓу ПСЖ и Килиан Мбапе околу продолжувањето на неговиот договор. Напредок нема, а ситуацијата дополнително ја комплицираат навивачите на „Светците“ кои младиот фудбалер го обвинуваат дека мисли само на себе и на заминувањето во Реал Мадрид.

Наводно ПСЖ во својата понуда до Мбапе вградија плата од дури 40 милиони евра годишно, со што тој ќе стане најплатен фудбалер на светот. Но, истата плата му ја нуди и Реал, само од лето 2021 година, кога ќе има повеќе пари за трошење.

Реал засега не се меша во преговорите меѓу ПСЖ и Мбапе, но се очекува дека самиот ПСЖ ќе го понуди Мбапе на продажба за околу 100 милиони евра, ако не сака следната година тој да замине како слободен агент.