Познатиот новинар на „Gazzetta dello Sport“, Николо Скира тврди дека преговорите меѓу Милан и Ибрахимовиќ се во прекин, причина се 3 милиони евра разлика.

Ибрахимовиќ  за престој во Милан во следните шест месеци бара 9 милиони евра, клубот од Милано се сложил на шест,  но Швеѓанецот засега не попушта.

Според најавите од Милано и Скира, Ибрахимовиќ и Милан повторно ќе преговараат на почетокот од следната недела, преговорите не се пропаднати но „росонерите“ засега немаат финасиска конструкција која може да понуди 9 милиони за 180 дена.