Преговорите меѓу Наполи и Лоренцо Инсиње потполно се замрзнати пренесуваат италијанските медиуми. Аурелио Де Лаурентис, првиот човек на клубот наводно не се грижи дали ќе остане без играчот, иако слично беше и со Аркадиуш Милик.

Подоцна кога Милик си замина, од клубот по него удрија со „дрва и камења“. Инсиње за Италија одигра многу добар турнир на ЕУРО 2020, каде Азурите станаа европски шампиони.

Тој со клубот од стадинот Диего Армандо Марадона има договорот до летото 2022-ра година, но веќе некое време одбива да го продолжи истиот.

Калчомеркато јавува дека знаците засега не се охрабрувачки, како и дека постои разлика меѓу понудата на клубот и барањата на фудбалерот.

Наполи бара од Инсиње да се жртвува поради пандемијата од коронавирусот и кризата предизвикана поради истата, но Лоренцо нема намера да попушти.

Италијанските медиуми пишуваат дека меѓу клубот и играчот е формиран фронт и дека е големо прашање дали можеби уште на зима ќе одлучи да си замине како слободен играч и уште тогаш да го избере клубот за кој ќе игра од следниот јули.