Зинедин Зидан на крајот на оваа сезона ќе ја напушти клупата на Реал без разлика на исходот во трката за титулата во шпанското првенство. Заинтересиран е за преземање на тимот на Јувентус или француската репрезентација, а на негово место ќе дојде или трофејниот Масимилијано Алегри или клупската легенда или клупската легенда Раул Гонзалес.

Ова го тврди Дејли Мејл додавајќи дека таа одлука на Зидан е конечно и дека веројатно ќе замине по крајот на последниот меч сезонава.

Реал Мадрид и понатаму е во борба за титулата во Ла Лига, а ако ја освои титулата ќе биде трета за Зидан во тоа натпреварување во тренерската кариера. Со Реал Мадрид освои 11 трофеи, а меѓу нив и три во Лигата шампионите.