Фудбалерите и менаџерите во Премиер лига не се задолжени да носат заштитни маски на стадионите и во соблекувалните, кога најдобриот англиски фудбал ќе продолжи на 17.јуни.

За разлика од Бундеслигата, каде сите фудбалери и тренери се обврзани да носат маски, во Англија за такво нешто се задолжени само медицинсите лица и четвртиот судија.

Според „ББС“ на фудбалерите им е забрането да плукаат и да се ракуваат и мора да држат социјална дистанца околу прославата на головите.

Премиер лига продолжува на 17.јуни со мечевите меѓу Астон Вила-Шефилд Јунајтед и дербито Манчестер Сити-Арсенал.