премиер лигата сеуште прва во заработката од тв правата

Премиер лига ги продаде телевизиските права за 5,5 милијарди евра

Фудбал 14. Мај 2021. @ 18:25

Англиската фудбалска Премиер лига објави денеска дека постигнала договор околу продажба на правата за телевизиски преноси од натпреварите со Скај спортс, БТ Спорт, Амазон Прајм Видео и Би-Би-Си Спорт, вреден околу 5,5 милијарди евра за период од 2022 до 2025 година.

Износот е речиси еднаков како и претходниот тригодишен договор, за 1,83 милијарди евра по сезона, и доаѓа како резултат на непосредна спогодба, а не преку јавно наддавање, за што Премиер лигата, поради пандемијата на коронавирус, доби дозвола од британската Влада.

Договорот вреден 5,5 милијарди евра ја остави Премиер лигата на водечкото место според заработката од телевизиските права, пред француската Прва лига, со приход од 1.172 милијарди евра (за периодот 2020 – 2024), германската Бундеслига (1.16 милијарди евра, 2017-2021), шпанската Ла Лига (1.14 милијарди евра 2019-2022) и италијанската Серија А со заработка од 973 милиони евра по сезона за периодот од 2019-2021 година.

Comments are closed for this post.

проектот бруклин се распадна

ВИДЕО: Милвоки го шокираше Бруклин, драмтичен меч за финале на „Истокот“

доаѓа како слободен играч

Мемфис Депај е официјално нов играч на Барселона

незгодна повреда

Богдановиќ го прескокнува последниот седми натпревар ?