Премиер лигата официјално ги извести клубовите дека во наредниот период го забранува ракувањето пред средбата.

Одлуката е донесена вечерва, а е во врска со превенцијата од ширењето на коронавирусот.

Премиерлигашкото фер-плеј ракување повеќе нема да биде пракса меѓу играчите и судиите, од овој викенд па натаму, се до новите инструкции врз основа на советите од медицинската струка. Коронавирусот се шири со секретот од носот и устата, па може да се прошири на рацете и да се пренесе со ракувањето. Играчите и судиите и натаму ќе имаат традиционално излегување на терен и протокол вообичаен пред секој натпревар. По интонирањето на химната на Премиер лигата, играчите на двата тима ќе минат еден покрај друг, но без ракување“, стои во соопштението на лигата.

Оваа иста одлука многу од клубовите интерно ја донесоа и пред реакцијата на Премиер лигата.