Финансиските загуби ќе бидат преголеми за дел од клубовите кои сега се дел од Премиер лигата. Можно е дел од оние кои се борат за осптанок да доживеат финанскиски колапс па дури и гасање по примерот на Портсмут од пред неколку години.

Челниците на Премиер лигата аплираат сезоната да биде доиграна, ТВ Куќите бараат распоред и натпревари во спротивно ќе ги туќат клубовите и ќе си ги бараат парите за ТВ правата од сите инволвирани.

Поради ова, поништувањето на сезоната поради Ковид-19 во Англија е сценарио кое мора да се избегне, пренесуваат медиумите од островото.

Подготвени се 4 милиони фунти за купување на тест-пакети за Ковид-19 кои ќе ги произвесе компанијата Пренетикс.

Тестовите ќе бидат поделени во клубовите, играчите и вработените ќе мора да се тестираат веднаш по напуштањето на карантинот, а потоа два пати неделно да го повторуваат процесот со цел да се избегне нова „ерупција“ со заразени од смртоносниот вирус.

Сеуште нема дефинирано кога и како ќе продолжи сезоната, постојат повеќе сценарија. Според последните информации, во случај сезоната да биде поништена, Ливерпул ќе биде крунисан за првак, а трите последно пласирани ќе бидат делегирани во Чемпионшиш дивизијата.

Standings provided by SofaScore LiveScore