Проблемите со рестартот во Премиер лигата продолжуваат иако според официјалните лица кои го раководат најсилното клупско фудбалско натпреварување во Велика Британија нема простор за паника.

Од вкупни 1200 тестирани фудбалери и членови на стручните штабови, потврдени се два позитивни теста во два различни клуба.

Едниот е Норвич кој потврди дека има еден фудбалер позитивен на Ковид-19 и спортед протоколот е во самоизолација.

Сезоната во Англија треба да продолжи во среда со дуелите на Астон Вила и Шефилд Јунајтед и на Сити и Арсенал.