Премиер лигата објави дека 68 проенти од играчите во елитниот ранг на англискиот фудбалер се целосно вакцинирани, додека 81 процент од нив примиле барем една доза.

„Премиер лигата неделно ги собира бројките за вакцинирани и продолжува да работи со клубовите на поттик на вакцинирање меѓу играчите и клупскиот персонал“- стои во соопштението на лигата.

„Лигата нема да дава никакви посебни детали за клубовите или поединците, а броките за процентот на вакцинирани играчи во иднина нема да бидат објавувани во одговарачките интервали.“

Британските медиуми минатиот месец објавија дека само седум од 20 англиски премиерлигаши настапиле со состави во кој вакцинирани биле повеќе од 50 проценти од играчите.

Коментирајќи го процентот на вакцинирани, селекторот на Англија Герет Саутгејт, истакна дека некои играчи не сакаат да се вакцинираат, бидејќи на нив влијаеле теориите на заговор на социјалните мрежи.

Менаџерот на Манчестер Јунајтед Оле Гунар Солскјер и неговиот колега од Њукасл Стив Брус претходно кажаа дека некои нивни играчи одбиле да ја примат вакцината.

Шефот на стручниот штаб на Ливерпул Јирген Клоп одбивањето вакцина го спореди со возење под дејство на алкохол, велејќи дека таквите луѓе го загрозуваат животот на другите.