Британскиот угледен медиум, Би-Би-Си пренесува дека сезоната во Премиер лига ќе продолжи на 17 јуни со два натпревари, оние заостанатите меѓу Манчестер Сити и Арсенал и меѓу Астон ВИла и Шефилд Јунајтед.

Овие два натпрвари ќе го означат посакуваниит рестарт а редовното коло е закажано од 19 до 21 јуни.  Клубовите сеуште дискутирале за оваа идеја но се очекува наскоро да биде потврдена.

До крајот на сезоната во Премиер лигата остана уште 92 натпревари.

Остатокот од сезоната ќе се игра без навивачи со празни трибини и под строги правила и контроли. Досега 12 лица инволвирани во клубовите од Премиер лигата се позитивни на Ковид-19.

Елитата во Англија е суспендирана од 13 март поради Ковид -19