Клубовите во Премиерлигата им плаќаат дури 700 фунти на децата кои излегуваат со фудбалерите пред натпреварите.

Ова е еден вид исполнување на сонот на децата кои имаат можност да се запознаат со идолите од своите клубови, а притоа заработуваат и солидна сума на пари. Секој клуб на различен начин ги распределува овие средства.

„Со ваквиот потег  тимовите прават нешто неверојатно за најмладите“, рече Телијан Најт, новиот претседател на Комисијата за избор на  култура, медиуми и спорт.