Клубовите на Премиер лигата денеска гласаа за одобрување на официјално враќање на тренинзите, по што е одлучено најдобрите тимови во Англија веќе утре да им се вратат на обврските.

Договорот е составен од прва етапа во која тимовите ќе тренираат индивидуално, но и во групи со не повеќе од пет фудбалери.Сите играчи на 20-те тимови ќе мора да бидат тестирани на КОВИД-19, пред  да започнат со тренинзите.

Клубовите разговараа и на многу други прашања, меѓу кои дали преостанатите 92.натпревари од сезоната ќе ги играат на домашен или неутрален терен.