Премиерлигашките клубови ќе им се вратат на нормалните тренинзи, откако сите тимови беа согласни за ваква одлука на видео состанокот денеска.

Ова претставува дополнителен чекор кон потполно враќање на фудбалот на Островото.

„ После консултација со клубовите, играчите и менаџерите, миавме на другата фаза од враќањето на натпреварите. Премиер лигата ќе продолжи кога ќе биде тоа максимално безбедно. Засега, тимовите ќе тренираат како порано, но ќе мора да се трудат да имаат што помалку контакти“- стои во соопштението од Премиер лигата.

Како евентуални датуми за продолжување на Премиер лига се споменуваат 19. или 26. јуни.