Клубовите од Премиерлигата ќе побараат од Владата на Велика Британија дозвола сезоната да ја доиграат на своите стадиони.

Опцијата да се игра на неутрални терени не е желба на клубовите од Премиерлигата,  се сложиле на денешниот состанок да се бара дозвола од Владата на Велика Британија да можат да играат на своите стадиони.

Шесте водечки клуба во Англија сакаат сезоната да се доигра според планот, секој на свој стадион, последните шест клуба на табелата немаат против да играат на неутрален терен, но со услов да нема испаѓање.

Клубовите во Англија се договорија на 18 мај да донесат конечна одлука.