Сезоната 2019/20  се рестартира, ќе заврши на 26 јули, а новата треба да почне кон крајот на агуст или почетокот на септември.

Тековната сезона ќе заврши на 26 јули, новата има три опции, 22/23 или 29/30 август, за септември е опцијата 12/13.

Ова ги плаши клубовите од Премиерлигата, но и телевизиите, тие се соочуваат со неверојатно густ календар, следната година ќе се одржи Европското првенство во фудбал, Лондон е еден од градовите домаќини, таму ќе се одржи и завршниот дел од континенталниот шампионат.

Клубовите преферираат почеток на сезоната во септември, но телевизиите стравуваат од згуснатиот распоред, бараат тоа да биде август, притисокот од клубовите голем, бидејќи милионскиот договор кој го имаат Скај и БТ спорт, предвидува максимален број на емитувани натпревари, публика веројатно ќе нема.

Проблем на релација ТВ и клубови има, раководството на Премиерлигата ќе мора да посредува, но во моментов раздорот се зголеми, сезоната 2020/21 мора да заврши најдоцна до 16 мај, бидејќи потоа се игра Европското првенство.

Клубовите и раководството на Премиерлигата ќе имаат видео состанок следната недела, тогаш ќе се решаваат прашањата за датумот на новата сезона, бројот на преносите и датумот кога ќе биде затворена сезоната 2020/21.