Премиерлигата потврди, доколку сезоната се доигра и Ливерпул стане шампион, тогаш на клубот ќе му биде дозволено да го прослави трофејот.

Ливерпул има дури 25 бода предност во однос на Сити, извесно е дека ќе биде шампион на Англија ако сезоната се рестартира.

Титулата Ливерпул ја чека 30 години, со оглед на ситуацијата со коронавирусот, Премиерлигата соопшти дека на клубот ќе му биде дозволено да организира прослава.

„ Ќе поддржиме прослава на идниот шампион, сакаме на сите фудбалери и останати луѓе од клубот да им дозволиме да се израдуваат на моментот за кој посветено работеа“ – изјави Ричард Мастерс, Извршен директор на Премиерлигата.