Клубовите од англиската Премиер лига нема да дозволат на речиси  60 играчи, репрезентативци, да настапат во мундијалските квалификации на почетокот од септември кои доаѓаат од земји кои се на црвената листа  на Велика Британија поради состојбата со коронавирусот,

Одлуката беше донесена едногласно, а играчите кога ќе се вратат на островот на своите  клупски обврски ќе мора да минат десет дена во карантин.

Погодени од оваа мерка се околу 60 играчи од 19 клубови, ова е сериозен проблем за многу репрезентации пред септемвриските квалификации за мундијалот во Катар.