Газдата на Васил Левски, Васил Божиков наводно е во бегство и тоа во Дубаи, акциите му ги подарил на Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов.
Според медиумите од соседна Буграрија, Божиков поради затајување на данок пребегал во Дубаи а сите акции ги подарил на Борисов.
Божиков го обвинуваше Премиерот Борисов дека е виновен за пропаѓањето на неговите бизниси и со оваа одлука иронично испрати порака кој е виновен за распадот на Левски.
Борисов по објавата на Божиков преку министерот за Спорт, Кралев, порача дека и да сака да ги добие акциите на подарок, според законот на Бугарија тоа не е возможно бидејќи е премиер на Бугарија и го одби подарокот.
Левски е во финансиска криза, тој е еден од најславните фудбалски колективи во Бугарија, според медиумите од оваа земја, клубот е пред банкрот.
Клубот е формиран далечната 1914 година, зад себе има 26 шампионски круни во Бугарија и во моментов само 5.000 евра на сметката.
Comments are closed for this post.