Од кабинетот на Премиерот Зоран Заев е објавено видео со порака за нашите фудбалери, разговор со Горан Пандев во кој им посака тој им успех против Грузија.

 

„Вечерва нашите фудбалски јунаци ќе истрчаат на теренот во Тбилиси со една желба – да докажат дека се генерацијата која за првпат ќе ја однесе македонската фудбалска репрезентација на Европското фудбалско првенство. Им посакувам овој ден да го запишат со златни букви во историјата на македонскиот фудбал и да бидат запаметени како спортски херои. Убеден сум дека ќе дадат сѐ од себе и дека денеска сите ќе се радуваме на победа“