Фудбалскиот клуб Шкендија се договори со домаќинот Номе Калју да има право на пренос од мечот во Талин  преку стрим на својот клупски сајт.

Ова за дриблинг.мк   го потврдија од Шкендија која попладнево го игра мечот со шампионот на Естонија, прва средба во квалификациите за Лигата на шампионите.

Ниту една телевизија од Македонија не се реши за пренос од овој гостински меч на шампионот на Македонија, сепак  љубителите на фудбалот кои сакаат во живо да го следат овој натпревар ќе можат тоа да го направат преку сјатот на клубот:

www.kfshkendija.com