Фудбалската федерација на Италија преку претседателот на лигата, Паоло Дал Пино побара од газдите на клубовите да не ги приморуваат играчите да тренираат.

Организирање на процес на тренинг во вакви услови не е возможен, изјавија  официјални лица од федерацијата.

Тренажен процес во моментов  не е возможен, ситуацијата со Ковид-19 и натаму е алармантна, не постојат услови за редовен тренинг, не ги приморувате играчите да тренираат ги изложувате на ризик“ – изјави Дал Пино.

ФИГЦ  и претставниците кои ја раководат Серија А, имаа состанок на кој дискутираа по барањата на дел од сопствениците на клубовите, играчите да се вратат на тренинг но тоа ќе биде изложување на ризик за сите.

Италијанската фудбалска федерација реши да се дозволи првенството да се игра и по 30 јуни доколку за тоа се создадат услови, УЕФА им наложи на федерациите сите првества да завршат до 15 јули за да може да се организираат квалфикациите за клупските натпреварувања селдната сезона.