Раџа Наинголан наместо во Фиорентина ќе оди во Каљари, пресврт во само неколку часа откако се беше договорено со клубот од Фиренца тој ќе стави потпис за тимот од Сардинија.

Се беше договорено со Фиорентина, сепак Наинголан решил да се врати кај Каљари, ова им го соопштил на челниците на Интер  кои го испратија на позајмица следната сезона.

Наинголан играше за Каљари во периодот од 2010 до 2014 година, запиша 131 настап и постигна 7 гола, потоа се пресели во Рим кај Рома.

Италијанските медиуми цел ден пишуваа за трансферот на Наинголан во Фиорентина но за само неколку часа  ситуацијата се смени, тој е играч на Каљари.