Еден од најдобрите фудбалски судии во Хрватска, Иван Бебек , бил претепан во дискотека во градот Сињ по вербална расправија со неколку лица, информира „index.hr“ .

Бебек во дискотеката во Сињ, имал вербална расправија која подоцна прераснала во физички напад надвор од клубот.

Целиот инцидент е пријавен во полиција која го истражува случајот. Според информациите од Хрватска, Бебек барал заштита од обезбедувањето во дискотеката, надвор од неа бил нападнат  и претепан.

Бебек вчера го судел мечот меѓу Хајдук и Локомотива на „Пољуд“, во Сињ бил  приватно со друштво. По овој онцидент тој се вратил дома во Ријека.