Претседателите на Интер и Милан Паоло Скарони и Стивен Жанг се обидените во идејата Милано да го добие  најубавиот стадион на светот.

Претседателот на „росоњерите“ изјави дека,  двата клуба закажаа состанок со Општина Милано за да разговараат за можностите за изградба на нов стадион во модната престолнина.

„Се согласувам со нашиот градоначалник Џузепе Сала дека треба да се координираме што побрзо да се започне изградбата на стадионот. Веќе следната недела заедно со Жанг ќе разговараме околу таа тема и овој град заслужува да го има најубавиот стадион во светот“- изјави Скарони за „Кориере дела Сера“.