ПСЖ ќе има нова шанса за прекин на традицијата, елиминација на тимот од Италија во ЛШ откако на последните 16 пресметки со тим од Апенините има само две победи.

Аталанта стои на патот на ПСЖ кон полуфиналето во ЛШ, симпатичниот тим од Бергамо оваа година им пркоси на најголемите а ќе се обиде тоа да го стори и против првакот на Франција, тврди нивниот претседател, Перкаси.

„Ова е сон за Аталанта, со самото тоа што е меѓу осумте најдобри во Европа и пишува историја во Бергамо. ПСЖ е силен тим, ние ќе играме со максимален мотив и ќе се обидеме да ги искористиме нашите шанси. Ова ќе биде како да одиш во училиште, и ќе биде ноќ за паметење за нас и нашата историја.“ – изјави Антонио Перкаси.