Претседателот на Атлетико Мадрид, Енрике Церезо смета дека доколку не се доигра сезоната во ЛШ, неговиот клуб треба да биде прогласен за првак.

„ Останаа уште неколку натпревари од осминфаиналето, па потоа четврфинал, полуфинале, финале. Се зборува дека сите мечеви ќе се одиграат во еден град, но тоа е само приказна. Ако не заврши ЛШ, мислам дека треба да бидеме прваци, бидејќи ги исфрливме шампионите“- изјави Церезо.

„Јорганџиите“ го елиминираа Ливерпул во осминфалитето непосредно пред пандемијата, откако на првиот меч славеја со 1-0, а во вториот по продолженија изборија место во четврфиналето.