Претседателот на Атлетико, Енрике Сересо, го пофали тренерот на екипата Диего Симеоне, кој според него е најдобриот тренер на светот.

Симеоне е еден од тројцата најважни луѓе во историјата на Атлетико Мадрид. Знаевме дека имаме сили да го минеме Ливерпул. Ги имаме најдобриот тренер на светот и одлична екипа, на која можеме да сметаме уште многу години. Јас веднаш би потпишал доживотен договор со Симеоне“, изјави Сересо за Superfútbol.

Под водство на Симеоне, Атлетико Мадрид ја мина осминафиналната фаза во Лигата на шампионите, совладувајќи го Ливерпул, со резултати 1:0 и 3:2.