Претседателот на Баерн Минхен Херберт Хајнер, тврди дека неговиот клуб може да го доведе Ерлинг Халанд. Напаѓачот на Борусија Дортмунд е еден од најбараните играчи на светот и секогаш се поврзува со заминување во некој од најголемите светски клубови.

Тој сезонава постигна 27 гола во исто толку настапи, а надополни и со плус седум асистенции во сите натпреварувања. Халанд е на мета на Реал Мадрид, Манчестер Сити, Челзи, Манчестер Јунајтед и Барселона, а откупната клаузула наводно изнесувала 75 милиони евра.

„Ние сме економски многу силен и здрав клуб. Иако и ние патиме поради пандемијата, секогаш можеме да доведеме играчи кога сме уверени во нивните квалитети“– вели Хајнер.

Хајнер потврди дека клубот преговара со нови договори со Леон Горецка и Никлас Суле, чии обврски кон клубот според моменталните договор завршуваат во летото 2022 година. Баерн веќе договори еден голем трансфер. Од јули во дресот на баварскиот великан ќе настапува дефанзивецот на Лајпциг, Дајот Упамекано.

Инаку, во минатото не така ретко Баерн си пазареше во Минхен, а еден од нив е Роберт Левандовски, моментално најдобриот играч на клубот, како Матс Хумелс, но и Марио Геце.