Претседателот на Бреша, Масимо Челино, изјави дека направил грешка кога го врати Марио Балотели во Италија.

Бреша во моментот се наоѓа на дното од Серија А и не гледа иднина со Балотели во составот, а последните денови ситуацијата меѓу Марио и клубот ескалираше.

„Тој не се снаоѓа на тренинзите, не е многу посветен, а тоа е лошо за иднината на клубот. Тоа е проблемот. Балотели има договор со тим од Серија А, а нема договор со тим од Серија Б. Мислам дека јас и поранешниот тренер Корини направивме грешка кога го ангажиравме. Мислев дека доаѓањето во Бреша, кој е негов град, ќе го промени, но очигледно погрешив“ -изјави Селино.

Балотели сезонава постигна само пет погодоци на 19.натпревари во Серија А.