Претседателот на Фудбалскиот Сојуз на Србија, Славиша Кокеза има Коронавирус, пренесуваат српските медиуми.

Првиот човек на фудбалот во Србија се заразил во Милано, иако според првичните тврдења, тој вирусот го „закачил“ во Амстердам, Холандија.

„Кокеза добро се чувствува. Се се случило во Милано, таму има многу заразени и се доаѓа од тој град.“ – изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Кокеза од вчера е на Инфективната клиника, во стабилна состојба и има ниска температура. Нормално комуницира со сите вработени во клиниката. Постои страв дека можно е да заразил некој од соработниците и вработените во ФСС.

Делегацијата на ФСС беше дел од 44-Конгрес на УЕФА кој се одржи минатата недела во Амстердам на кој присуствуваше и делегацијата на Фудбалската Федерација на Македонија предводена од претседателот Мухамед Сејдини и селекторот на А тимот, Игор Ангеловски.