Претседателот на Интер, Стивен Жанг, на Инстаграм жестоко „удри“ по раководителот на лигата во Италија, одложувањето на мечот Јувентус -Интер, шпекулациите со новите термини го изнервираа предводникот на клубот од Милано.

Жанг со директна критика и навреда до раководителот на лигата во Италија, Паоло Дал Пино, прво дербито требаше да се игра без публика, потоа на 13 мај, сега во понеделник, што е следно, запраша првиот човек на Интер.

„Ти си најголемиот и најцрниот кловн кој сум го видел, прво не дозволи да се игра натпреварот со Јувентус зад затворени врати , што е следно, ќе играме за 24 или 48 часа, за 7 дена, кој е твојот следен чекор…Се осудуваш да зборуваш за фер натпреварување… Да, ти се обраќам на тебе предводнику на лигата“ – напиша Жанг на Инстанграм.

Според последните информации од Италија, дербито на сезоната ќе се игра во понеделник на 9 март во вечерниот термин, средбата беше првично одложена поради проблемите кои ги предизвика Коронавирусот во Италија, презакажана за 13 мај, сега има нов предлог и термин, 9 март, понеделник…